Home » Тројца цивили загинаа во украински напад со дрон врз Курската област

Тројца цивили загинаа во украински напад со дрон врз Курската област

by Журнал.мк

Тројца цивили беа убиени во украински напад со дронови врз рускиот Курски регион денеска, објави вршителот на должноста гувернер на регионот, Александар Кинштејн.

Двајца вработени во земјоделска компанија беа убиени утрово во напад со дрон врз возило во близина на селото Чешеголик, напиша гувернерот на Телеграм.

-Покрај тоа, 53-годишен маж беше убиен во сличен напад врз цивилно возило во друго село, Сваноје, рече Кинштајн.

Тој изјави дека непријателот продолжува да извршува „гнасни напади на руска територија“ и ги повика жителите на областа да бидат максимално претпазливи.

Во август 2024 година, украинските сили започнаа изненадувачки напад врз Курската област, која граничи со Украина, и зазедоа околу 1.400 квадратни километри.

По месеци борби, Русија кон крајот на април објави дека целосно го ослободила Курскиот регион. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во тоа време даде уверување дека украинските трупи продолжуваат со операциите во областа.

Руската армија спроведува офанзива во Украина од февруари 2022 година и окупира речиси 20 проценти од нејзината територија.

По месеци молчење, Русија призна кон крајот на април дека контингент севернокорејски војници учествувал во судири против украинските единици во Курската област.

Русија објави тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај, по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија. Украина не даде јасно до знаење дали ќе се придржува до прекинот на огнот објавен од рускиот претседател Владимир Путин.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk