Home » Тројца членови на Судски ја напуштија седницата – не сакаат да се избираат судии во предизборие

Тројца членови на Судски ја напуштија седницата – не сакаат да се избираат судии во предизборие

by Журнал.мк

Заменик претседателот на судски, Ханиф Зендели, екс заменикот Селим Адеми, кој лани иницираше разрешување на Весна Дамева и членот Милјазим Мустафа, кој покрена постапката за одговорност на претседатлеката на Врховен, Беса Адеми излегоа од салата.

Со тоа го оневозможија гласањето за да се стават вон сила претходните заклучоци на Судски и да продолжат постапките за избор и одговорност на судии во периодот до изборите, предлог кој мнозинството претходно во дисусијата го поддржа, објави Телма.

Не успеаа да ги убедат, ниту колегите кои претходно им укажаа дека се одложени да гласаат наместо да си заминат.

Ставот на триото што напушти беше дека пред неполн месец веќе гласале да се стават во мирување постпаките и да не се отвораат нови, а денеска не слушнале нови аргументи.

За разлиика од нив другите членови анализираа дека оваа законска одредба не се однесува на судството како независна власт и дека судски не ги вработува судиите, туку ги избира. Предупредија дека поради паузата може да истечат дел од роковите во дисциплинските постапки.

Преседателката на Врховен, Беса Адеми предупреди дека судски ќе направи блокада во изборите на судиите. Таа и претседателката Весна Дамева укажа дела стопирањето на постапките е спротивно на една од од препораките на оценската мисија на ЕУ.

Поради немањето кворум, Судски не стаса да дискутира и за тоа дали периодов треба да се спроведе и постапка за избор на двајца членови на советот за кои треба да гласаат судиите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More