Home » Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието прв пат после долги години ќе добијат навреме вода за наводнување

Трипуновски: Земјоделците од Овчеполието прв пат после долги години ќе добијат навреме вода за наводнување

by Журнал.мк

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски соопшти дека денеска е во работна посета на Овчеполието каде што направил увид во количините на вода во системот за наводнување Брегалница.

-Сакам да информирам дека од системот за наводнување Брегалница во општините Свети Николе и Лозово процентуално со вода покриени се: 90 отсто од земјоделските површини во Црнилиште, 90 отсто во Аџиматово, 100 отсто во Делисинци, 90 отсто во Сарамзалино и скоро 100 проценти од површините во Лозово. Наскоро очекувам сите овие места да бидат 100 отсто покриени со вода за наводнување, објави Трипуновски и на неговиот фејсбук профил.

Трипуновски потенцираше дека со правилна и сериозна работа може да се испорача вода за наводнување до земјоделците и покрај катастрофалната состојба на системите за наводнување. Тој, најави дека во наредните неколку дена вода за наводнување на земјоделските површини ќе има и во останатите места во Овчеполието.

-Во претходните години водата пристигала на крајот од сезоната кога воопшто не е потребно да се наводнува, а сега имаме вода на самиот почеток кога е и најпотребна. Ние вистински се грижиме за македонските земјоделци, порача Трипуновски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More