Најдоцна до истекот на првата декада од идниот месец, сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та кон земјоделците, ќе бидат исплатени, порача од најголемата житница министерот за земјоделие, Трипуновски. Освен субвенциите, земјоделците ги имаат и долго посакуваните картички…
Најдоцна до истекот на првата декада од идниот месец, сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та кон земјоделците, ќе бидат исплатени, порача од најголемата житница министерот за земјоделие, Трипуновски. Тој нагласи дека од 2024-та ќе се почитува календарот за исплата на субвенции и истите ќе се исплаќаат тековно.
Освен субвенциите, земјоделците ги имаат и долго посакуваните картички.
Пелагониски земјоделци добија картички за зелена нафта, мерката оваа година е дуплирана, а најавена е и модификација на истата за наредната година.
Ваквиот потег на ресорно министерство и Влада, веќе се забележува дека стимулативно ќе делува на земјоделците. Исплатата на овие средства и ветувањето дека во следниот период тековните субвенции ќе ги земат навремено, земјоделците сметаат дека ќе биде чекор напред кон планирањето на земјоделието, што ќе придонесе за порентабилно производство
Трипуновски најави и наменски оглас за сточарите, по излегување на новиот закон кој е во собраниска процедура, кои годинава поради сушниот период и онаму каде не функционираше системот Стрежево, претрпеа големи штети и тоа ќе се одрази врз силажата за сточниот фонд
Во насока на доближување на услугите кои ги нуди Министерството до земјоделците, денес во општина Новаци и Могила беа отворени подрачни канцеларии.