Home » Трипуновски: Работиме да се зголеми сточниот фонд, секогаш ќе бидеме на страната на фармерите

Трипуновски: Работиме да се зголеми сточниот фонд, секогаш ќе бидеме на страната на фармерите

by Журнал.мк

„Во делот на овчарството морам да кажам дека согласно ветувањата и Програмата ние ги зголемивме субвенциите за 50%. Сега субвенцијата за грло овца изнесува 3.000 денари. Дополнително за литар предадено млеко од постоечките 6 денари ги зголемивме за 7 денари за литар“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при своето гостување во „Студио 10“ на 24ТВ.

„Органските производителите добиваат дополнително 1.500 денари по грло. Работиме да се зголеми сточниот фонд и поради тоа предвидовме мерка за зголемување на основното стадо, секој кој што ќе го зголеми своето стадо за минимум 30% ќе добиe 30% зголемени субвенции“, појасни министерот.

Тој додаде дека во текот на вчерашниот ден на околу 4.500 млекопроизводители им се исплатени субвенции. За цела 2024 година им се исплатени средствата.

„Располагаме со квалитетно јагне, кое што е барано надвор од нашите граници, Министерството секогаш ќе биде тука за овчарите, за фармерите и земјоделците“, додаде Трипуновски.

„Досега се откупени некаде 120.000 јагниња согласно податоците со кои што располагам. Побарувачката на јагниња би требало да заврши во текот на 7 до 10 дена. Се очекува да се откупат дополнително од 8 – 10.000 јагниња, значи дека ќе биде сето откупено“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека според сегашната Програма секој фармер треба да има минимум предадено 50% од јагнињата за да може да биде корисник на основната мерка.

„Ја следиме состојбата и по завршување на откупот, наредниве денови ќе направиме анализа. Ги уверувам фармерите дека секогаш ќе бидеме на нивна страна и ако треба да направиме некоја корекција во делот на Програмата, сигурно ќе ја направиме“, нагласи тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk