Home » Трилатерални средби во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина

Трилатерални средби во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина

by Журнал.мк

Во Брисел се одржува заедничка средба како дел од дијалогот меѓу двајцата главни преговарачи на Косово и на Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ и претставникот на Европската унија за дијалогот, Мирослав Лајчак, јави Радио Слободна Европа.

Билатералните разговори меѓу европската и српската страна траеја повеќе од два часа, двојно повеќе од планираното, па затоа е одложен почетокот на заедничката средба. По разговорите со српската страна, Лајчак оствари билатерална средба со косовската делегација.

РТС јави дека трилатералната средба започнала околу 19 часот, на која учествуваат претставници на двете страни, но и домаќините. Директните разговори се водат по претходниот обид кој пропадна поради предусловите на Приштина кои Белград не ги исполни, пренесе Бета.

Главните преговарачи на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бислими треба да разговараат за планот за имплементација на договорот за нормализација на односите, што лидерите го постигнаа во февруари 2023 година во Брисел, а потоа разговараа на состанокот одржан во март во Охрид го договорија анексот за имплементација.

Претходно, портпаролот на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Петер Стано, изјави дека приоритет на средбата ќе биде „итен почеток на имплементацијата на Договорот за патот кон нормализирање на односите“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More