Долга е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган и нова шанса за живот. Триесеттина лица чекаат донор на срце, а 20 од нив се зависни од батерии, живеат со механичка пумпа. Повеќето се млади, но, свеста за органодарување е ниска. Во земјава досега се извршени 11 трансплантации на срце, а ниту една кај пациент со механичка поддршка.
Органодарувањето е највисокиот чин на хуманост, кога би имало поголем број органодарители, пациентите ќе ја добијат единствената шанса за живот.
Последната трансплантација на срце во земјава е извршена во март минатата година. За подигнување на јавната свест за органодарување денес во организација на Црвениот крст на градскиот плоштад во Охрид се делеа едукативни флаери.