На 12 октомври се одбележуваат 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина.
Дипломатските односи помеѓу двете земји се воспоставени на 12 октомври 1993 година. Односите меѓу двете земји достигнаа високо политичко ниво, додека билатералната соработка се развива во сите сфери, наведуваат од македонското Министерство за надворешни работи за МИА.
-На 12-ти октомври се навршуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина. Односите меѓу двете земји во изминатиот период достигнаа високо политичко ниво, додека билатералната соработка бележи развој во сите сфери од заемен интерес, посочуваат од МНР.