Home » Три први места, 2 втори и 2 трети…Кузмановци во Италија апсолутни победници

Три први места, 2 втори и 2 трети…Кузмановци во Италија апсолутни победници

by Журнал.мк

Продолжува успешната музичка приказна на ООУ Кузман Јосифовски – Питу.

На Светското првенство во фолклор (Јесоло, Италија), младите музички таленти под раководство на професорката по музика Вера Ангеловска, го освоија првото место во својата категорија за радост на младите музички уметници.

Сплетот од народните македонски песни “На срце ми лежи мила мамо” “Брала мома капини” и “Не стој Доне, Донке” беа победничкиот избор на Верче, за ќеиф на душата и солзи радосници на распеаната дружина од Кузман Питу.

Скопје и Македонија може да се гордеат со своите музички пионери кои ја сакаат и негуваат македонската староградска народна песна.
Браво млади деца со големо срце и љубов кон својата татковина.

Покрај сплетот на хорот, со соло изведби се слушнаа и “Заветна”, “Ја излези Ѓурѓо”, “Јовано Јованке”, “Море сокол пие”, “Калино моме” и инструменталка на гитара “Пајдушко оро”.

Монденското Јесоло, распослано на брегот на Јадранот уживаше во звуците на македонската народна песна. Ја разгаливме душата на туристите и домаќините, ја разигравме публиката од Македонија и бившите ЈУ републики и со полно срце и душа се враќаме дома, се наведува во информацијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk