Home » Три од четирите понудувачи за становите на Водно се поврзани со Мијалкови

Три од четирите понудувачи за становите на Водно се поврзани со Мијалкови

by Журнал

Документите од Агенцијата за управување со одземен имот покажуваат дека три од четирите понудувачи за становите на Водно се поврзани со Мијалкови, пишува „Призма“.

Покрај фирмата „Бест веј инвестмент“ на неговиот син Јордан Мијалков, која победи на јавното наддавање, во конкуренција биле и фирма-ќерка на Бест веј – „Омпетрол оил“, но и свеската на Мијалков помладиот, Александра-Бела Белчевана. За четвртиот наддавач, БИРН не најде поврзаност со семејството на Мијалков.

Кога лани во ноември се продаваше имотот на Водно, конфискуван од поранешниот шеф на УБК, единствените информации беа дека имало заплашувања при продажбата. Кратко потоа, како што објави „Призма“, јавното наддавање мина без никакви проблеми.

Немаше информации кој го купил овој имот сè до јануари, кога врз основа на документите добиени од Агенцијата, БИРН откри дека становите останале во семејството, односно трите стана и гаража на Водно ги купила фирмата на синот на осудениот поранешен шеф на УБК.

Станува збор за втората транша од продажбата на конфисуваниот имот на поранешниот шеф на УБК, кога беа огласени три стана и една гаража на Водно, на улицата Славејко Арсов, каде што е и семејниот дом на Мијалкови.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk