Се зголемуваат региони во Третата македонска фудбалска лига од сезона 2026/2027.
Досега Третата лига беше организирана односно поделена во пет региони, тоа беа Исток, Југ, Југозапад, Запад и Север. Но за од сезона 2026/2027 според новиот систем на натпреварување во македонските фудбалски лиги во Третата фудбалска лига ќе има уште еден регион.
Засега не е познато кои ќе биде шестиот регион и како ќе се организира Трета лига за од сезона 2026/2027. Дополнително преку измни во Правилникот за регионална организација на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе бидат дефинирани регионите.
Според ваквиот модел на натпреварување од сезона 2026/2027 кога ќе има шест региони во Трета лига, шампионите во сите шест региони ќе играат бараж меѓусебно за влез во Втора лига, па така трите победници ќе бидат нови второлигаши, а поразените екипи ќе останат во Трета лига и во наредната сезона.