Повремениот македонски репрезентативец, Ферхан Хасани повторно ќе го носи дресот на Шкендија.
Хасани кој е дете на клубот од Тетово беше дел од сениорскиот тим од 2007 до 2012 година за да потоа се врати во 2015 и остане тука до 2018.
Потоа следуваа преселби во Саудиска Арабија, Финска и Албанија за да сега се врати дома и потпише две ипол годишен договор со тимот со кој во Македонија ги има освоено сите титули.
-Многу сум среќен што потпишав со Шкендија, со клубот во кој пораснав и кој е во моето срце. Очекувам што побрзо да започне пролетната сезона и да почнам да играм во дресот на Шкендија, -порача популарниот Буба.