Трет ден откако во Белград исчезна 27-годишниот Матеј Периш од Сплит, кој исчезна вечерта на Нова година околу 2.30 часот, откако последен пат бил виден во клубот „Готик“.
Од моментот кога пријателите забележаа дека го нема Матеј, почна интензивна потрага по исчезнатото момче. Но, до денеска малку се знае за неговото исчезнување, а на клучните прашања нема одговор. Засега е познато дека момчето го напуштило клубот ноќта, а камерите го снимиле како заминува.
Полицијата вчера детално ја пребаруваше реката и подрачјето околу неа. Доцна синоќа во потрагата се вклучи и Мрежата за опасност на Србија кои со батериски ламби го пребаруваше подрачјето околу Ушќе, Потрагата траеше цела ноќ, а продолжи и утрово. Во Белграт е и таткото на матеј.
Утрово, полицијата со бродови ја пребарува реката на која се наоѓа клубот во кој матеј последно е виден.
Неговиот татко Ненад и неговите две сестри се потресени.
„Ми рекоа: Тато, оди, најди го. Планот е да чекам и да го молам Бога, ќе останам за да помогнам во пребраувњето, колку што можам“, вели тој.
Најдобра информација што ја имаат надлежните во моментов е снимката од надзорните камери, на која се гледа како Матеј излегува од клубот и заминува накај сплавовите. Заминува накај Сава по скали, можеби за да изврши нужда, но потоа не се гледа дали навитина отишол натаму. Снимката е со лош квбалитет, а има и магла,
Во текот на вчерашниот ден се појави уште една информација, дека наводно Матеј е виден како повикува такси на 1 јануари, во центарот на градот. Но, за ова нема никаква потврда.