Home » Тренчевска: Власта да ги прифати амандманите на СДСМ за Законот за заштита на деца

Тренчевска: Власта да ги прифати амандманите на СДСМ за Законот за заштита на деца

by Журнал.мк

Власта наместо да ги одбива да ги прифати двата амандмани поднесени од СДСМ, кој се однесуваа за надополнување и измени за законот за заштита на децата. Власта го прекрши и деловникот за работа на Собранието при претходно несењето на овој закон, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска.

– Наместо во матичното тело каде што требаше да се разгледува овој предлог на закон, и каде што му е место, тоа е во комисијата за социјална политика, демографија и млади, беше разгледуван во комисија која нема ни една допира точка со овој закон, во комисијата за труд, економија и енергетика. И иако на самата седница од страната на пратеничката група на СДСМ беше укажано дека се крши деловникот за работа, мнозинството од пратениците од власта не го прифатија, нашето укажување. И добро е што имаме укажување и од страната на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, којашто со своето укажување вели да се преиспита донесувањето на овој закон, со нотирање на ставовите и одредбите којшто се спротиви на уставот на Македонија, рече Тренчевска.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk