HomeМакедонија„Треба да се размислува за возење пар-непар, работа од дома“: Јовановски предупредува...

„Треба да се размислува за возење пар-непар, работа од дома“: Јовановски предупредува кризата ќе биде долгорочна

- Advertisement -spot_img

Кризата што следи нема да биде краткорочна – таа ќе го промени начинот на кој живееме, предупредува економистот Зоран Јовановски.

Покрај поскапувањата, можно е и ограничување на достапноста на горивата, што отвора простор за мерки како возење пар-непар и пренасочување на ресурсите кон производство на храна.

Ова го истакна Јовановски во вчерашното гостување во Тема на денот, во вестите на Сител. Тој потенцира дека сите треба да разбереме дека последиците од кризата ќе бидат долгорочни.

Покрај тоа што цените на нафтата ќе растат, можно е и самата достапност на нафтата да е проблем. Тој вели дека колку што е можно треба да се чува горивото што го имаме во моментот.

– Можеби треба да се размислува за возење на пар-непар, да се зголеми работата од дома итн., за да кога ќе треба, горивото да се пренасочи кон земјоделството за производство на храна – вели Јовановски.

Суштински најважната работа во моментов според Јовановски е тоа дека ние не смееме да ја загрозиме иднината на младите генерации, само за да се одржи комодитетот на сите останати.

– Мораме да разбереме дека секој од нас во овој процес треба да си преземе дел од тежината. Едноставно животот ќе ни биде потежок додека трае кризата и тоа мора да го прифатиме – вели Јовановски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img