Home » Транспаренси Интернешнл-Македонија: Владата треба да биде транспарентна за советниците на премиерот Мицкоски

Транспаренси Интернешнл-Македонија: Владата треба да биде транспарентна за советниците на премиерот Мицкоски

by Журнал.мк

Владата треба да биде транспарентна кога се во прашање советниците на премиерот Христијан Мицкоски, стои во дел од соопштението на Транспаренси Интернешнл-Македонија во врска со “бистри” и “матни” случаи кои беа актуелни во месец октомври 2024 година.

И по протекот на повеќе месеци, владата нема објавено кои се лицата кои се советници на премиерот Мицкоски. Владата мора да ги објави имињата, хонорарите и работните обврски на советниците на премиерот, велат од Транспаренси Интернешнл.

„Граѓаните и пошироката јавност имаат право да знаат кој го советува премиерот во насока на креирање на политиките кои не засегаат сите. Секако дека кај јавноста необјавувањето на имињата и хонорарите на советниците на премиерот остава сомнеж за постоење на кронизам и непотизам, меѓутоа не секогаш партиската припадност и блискоста значат кронизам и непотизам по автоматизам. При дефинирањето на кронизмот и непотизмот, многу е битно дали единствен критериум за избор е партиската припадност и блискоста или критериум е способноста, и успешноста на советникот во областа за којашто се избира. Токму затоа, доколку владата сака да ги тргне сите дилеми и сомнежи околу советниците на премиерот, мора во најкраток рок да ги објави имињата, хонорарите и областа на избраните советници“, се наведува во соопштението од Транспаренси Интернешнл-Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk