Home » Транспаренси Интернешнл ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата за 2023

Транспаренси Интернешнл ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата за 2023

by Журнал

Транспаренси Интернешнл – Македонија денeска ќе ги презентира наодите од Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) за 2023 година.

Претседателот на Транспаренси Интернешнл – Македонија, Благоја Пандовски ќе информира како е позиционирана земјава во годинашниот извештај и за методологијата врз основа на која е формиран резултатот за 2023.

Република Северна Македонија минатата година со 40 индексни поени беше рангирана на 85 место од вкупно 180 земји.

Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) ги бодува и рангира земјите/териториите врз основа на проценетата корупција во јавниот сектор на државата, од страна на експерти и бизнисмени. ИПК претставува композитен индекс, комбинација на анализи и проценки на корупција, собрани од повеќе реномирани институции.

Прес-конференцијата на која ќе биде презнетиран извештајот за 2023 година ќе се одржи во канцелариите на Транспаренси Интернешнл- Македонија, а ќе може да се проследи и онлајн преку платформата ZOOM на следниот линк: https://us06web.zoom.us/meeting/register/tZYocOmoqjkrEtEfgNTbl3z2mBxVQp3f0xvG

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk