Home » Транспаренси: Гонењето функционери од власта е причините за напредок во борбата против корупцијата

Транспаренси: Гонењето функционери од власта е причините за напредок во борбата против корупцијата

by Журнал.мк

Според Транспаренси Интернешнл индексот за корупција на С. Македонија е рангирана на 87 место за разлика од минатата година во која беше на 111.

Во Извештајот на Транспаренси се наведува дека гонењето функционери од власта е една од причините за напредок во борбата против корупцијата.

„Државата презеде чекори за кривично гонење на високи функционери за корупција и зајакнување на независните надзорни институции.“ стои во Извештајот.

Позитивно е оценето усвојувањето на агенда и акционен план против корупцијата, развиен во консултација со граѓанското општество – кој вклучуваше експлицитни мерки за борба против организираниот криминал, реформи во изборите и правосудниот систем, како и справување со непотизмот влијанието во практиките за вработување на јавни места.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk