Home » Трамп сепак ќе се сретне со Зеленски: „Драг Доналд, известете ме дали сте во градот“

Трамп сепак ќе се сретне со Зеленски: „Драг Доналд, известете ме дали сте во градот“

by Журнал.мк

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по повеќе дена во кои се говореше дека средбата е малку веројатно дека ќе се случи. Републиканскиот претседателски кандидат ја најави средбата што треба да се одржи во неговата кула во Њујорк.

Зеленски е во САД за да присуствува на Генералното собрание на ОН и е еден од бројните странски претставници кои се обидоа да се сретнат со Трамп во последните недели пред изборите на 5 ноември. Одлуката на Трамп да се сретне со шефот на украинската држава следеа по деновите во кои претставници на кампањата и луѓе блиски до поранешниот претседател посочија дека таква средба е малку веројатна.

На својата социјална мрежа Truth Social, Трамп сподели е-пошта наводно испратена од Зеленски. „Дали би биле толку љубезни да ја пренесете оваа порака од претседателот Зеленски до претседателот Трамп? започнува поштата.

„Драг Доналд, се надевам дека си добро. Се сеќавам на телефонскиот разговор со тебе – беше навистина добар. Сите ние во Украина сакаме да ја завршиме војната со праведен мир. Затоа мора да се стремиме да се разбереме и да бидеме во контакт.

Пред неколку дена побаравме средба со вас и навистина сакам директно и од прва рака да го слушнам вашето мислење. Знаеш дека секогаш зборувам со голема почит за се што е поврзано со тебе, и така треба да биде. Можам да бидам во Њујорк во петок, што би било добро време за средба.

Верувам дека е важно да имаме личен контакт и да се разбираме 100 проценти. Ве молам известете ме ако сте во градот во тоа време, навистина би сакал нашата средба да се одржи, како дел од нашите напори праведно да ја завршиме оваа војна. Со почит, Володимир“, се вели во него.

„Како што знаете, Зеленски побара да се сретне со мене. Ќе се сретнеме утре околу 9:45 часот во Трамп Тауер“, потврди Трамп подоцна на прес-конференција. Трамп повеќепати изјави дека ќе ја прекине војната меѓу Русија и Украина „за 24 часа“, но никогаш не појасни како.

Во последниве месеци, тој беше особено критичен за милијардите долари американска помош за Киев. Зеленски веќе се сретна со претседателот во заминување Џо Бајден и со потпретседателката и кандидатка на Демократската партија Камала Харис.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk