Home » Трамп: Сега се чувствувам ментално посвеж, отколку пред 20 години

Трамп: Сега се чувствувам ментално посвеж, отколку пред 20 години

by Журнал

Доналд Трамп изјави дека ментално се чувствува посвеж „сега отколку пред 20 години“, реагирајќи на неодамнешните напади на ривалката Ники Хејли на неговата возраст и неговите вербални испади во кампањата за републиканската претседателска номинација.

Трамп, исто така, рече дека претседателските кандидати треба да поминат когнитивен тест, очигледно како одговор на Хејли што го заговара истото со наведување на возраста на Трамп (77) и демократскиот претседател Џо Бајден (81).

Во последниве денови, Хејли го обвини поранешниот републикански претседател Трамп дека е збунет и го доведе во прашање неговиот ментален капацитет да биде претседател во поодминати години.

Трамп неодамна направи неколку вербални лапсуси.

За време на говорот на 19 јануари, тој ја помеша Хејли со поранешната демократска претседателка на Домот – Ненси Пелоси.

На моменти се чинеше дека има проблем да ги изнесе зборовите, а исто така сугерираше дека поранешниот демократски претседател Барак Обама е сè уште на функцијата.

Трамп е речиси сигурно дека ќе ги освои сите 26 делегати од Невада бидејќи Хејли не го ставила своето име на гласачкото ливче.

Таа повтори дека Трамп неодамна изгледал „збунет“ и рече дека ако сака да направи когнитивен тест, „не би требало да има проблем да излезе на сцената да дебатира со неа, бидејќи тоа е најдобриот тест за ментална способност за секој кој се кандидира за претседател“.

Трамп одби да учествува во соочувањето со другите кандидати за номинација на републиканците и сега одбива да се соочи со Хејли.

Во својот говор во Невада, Трамп повторно навредливо ја нарече Хејли „птичји мозок“.

Тој, исто така, ја обвини Хејли – конзервативна републиканка – дека е речиси „радикално левичарски демократ“.

Трамп изјави: „Време е ова да заврши“, мислејќи на трката за републиканска номинација. Тој води на Хејли во анкетите во Јужна Каролина.

По победата на Трамп на прелиминарните избори во Њу Хемпшир на 23 јануари, кампањата на Бајден издаде соопштение во кое се вели: „Сега е јасно дека Доналд Трамп ќе биде републикански кандидат“.

Полека префрлајќи го својот фокус од републиканските ривали на Бајден, Трамп најголемиот дел од својот говор го посвети на ситуацијата на јужната граница на САД.

Рекорден број мигранти се фатени како илегално ја минуваат американско-мексиканската граница откако Бајден ја презеде функцијата во 2021 година, а анкетите покажуваат дека имиграцијата и границата се главното прашање на општите избори оваа година.

Трамп го нарече илегалното преминување „катастрофа“, „инвазија“, а јужната граница „отворена рана“.

Во меѓувреме, Бајден и неговите соработници ги засилија нападите врз Трамп, нарекувајќи го закана за американската демократија и поврзувајќи го со одлуката на Врховниот суд на САД од 2022 година за укинување на федералните права за абортус, прашање што се смета дека ги повредува републиканците за време на среднорочните избори во 2022 година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More