Home » Трамп најави УФЦ борба за титула пред 25.000 луѓе во Белата куќа

Трамп најави УФЦ борба за титула пред 25.000 луѓе во Белата куќа

by Журнал.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп го шокираше јавноста со најавата дека во 2026 година, по повод 250-годишнината од САД, ќе се одржи шампионска УФЦ борба на територијата на Белата куќа.

Настанот беше објавен на Државниот саем во Ајова, каде што Трамп им се обрати на присутните и рече: „Ќе имаме УФЦ борба, меч за титулата – и тоа пред 20.000 до 25.000 гледачи, токму на територијата на Белата куќа. Дана Вајт ќе го организира тоа. Ќе биде голема работа!“

Според Трамп, борбата ќе биде дел од серија настани низ целата земја, вклучувајќи бојни полиња, историски локации и национални паркови, со цел да се одбележи четврт милениум од американската независност.

„Имаме многу земјиште околу Белата куќа. Не ние, туку Дана Вајт ќе го уреди просторот. Тој е уникатен, фантастичен човек и знае како се прави шоу“, додаде Трамп.

Трамп и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, имаат долгогодишно пријателство, започнато уште од 2001 година кога УФЦ организираше свои први значајни настани во неговото казино „Таџ Махал“ во Атлантик Сити. Оттогаш, Трамп често се појавува на УФЦ настани и е гласен поддржувач на организацијата.

Тој беше присутен и на УФЦ 302, 309 и 314, а Вајт јавно го поддржа Трамп на митинзи и дури говореше на Националната конвенција на Републиканците.

Сè уште не е објавено дали мечот ќе се одржи на отворено или во специјално изграден павилјон, ниту дали ќе биде достапен преку платено гледање (PPV) или ќе биде ексклузивен настан.

Ова ветување на Трамп веќе предизвика бурни реакции – некои го гледаат како спектакл без преседан, други како мешање на шоу бизнисот во политиката на највисоко ниво.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk