Home » Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет

by Журнал.мк

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп именуваше повеќе кандидати за клучните позиции во неговиот кабинет, меѓу кои и Скот Бесант, директорот на инвестицискиот фонд „Ки Сквер Капитал Менаџмент“ за нов секретар за финансии.

Бесент е долгогодишен соработник на Фондацијата Сорос и доколку биде потврдено неговото именување, тој ќе биде првиот хомосексуалец на таа функција.

Бесент во минатото беше поддржувач на демократите, но изминатите години тој стана верен поддржувач на Трамп. Приоритет на Бесент е намалување на дефицитот и националниот долг.

Скот ужива широк публицитет како еден од најистакнатите меѓународни инвеститори и стратези на полето на геополитичките и економските прашања, истакна Трамп.

Тој најави и неколку други клучни именувања за неговиот кабинет.

За директор на Канцеларијата за менаџмент и буџет, Трамп го номинираше Расел Турло Воут, кој беше на истата функција за време на првиот претседателски мандат на Трамп.

Лори Чавез-Деример од Претставничкиот дом на Орегон е именувана за кандидат за секретар за труд, додека поранешниот американски фудбалер Скот Тарнер е номиниран за секретар за домување.

Во областа на здравството, Трамп ја номинираше д-р Џенет Нешват, соработник на „Фокс њуз“, за директорка за јавно здравје, додека поранешниот конгресмен Дејв Велдон е избран за директор на Центрите за контрола и превенција на болести.

Хирургот Мартин Мацари, според одлуката на Трамп, треба да раководи со Управата за храна и лекови (ФДА).

Во областа на националната безбедност, Трамп го именуваше поранешниот службеник на Стејт департментот, Алекс Вонг за заменик советник за национална безбедност.

Вонг претходно беше заменик специјален претставник за Северна Кореја и одигра клучна улога во организирањето на Самитот помеѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Исто така, Трамп го избра конзервативниот коментатор Себастијан Горку за директор за борба против тероризмот во Белата куќа, врз основа на неговата повеќе од 30-годишна кариера во националната безбедност.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk