Home » Трамп и Шајнбаум со различни изјави за мексиканската граница

Трамп и Шајнбаум со различни изјави за мексиканската граница

by Журнал.мк

Доналд Трамп тврди дека во телефонски разговор со мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум, таа се согласила да го „запре“ доселувањето во САД. Шајнбаум тоа веднаш го демантираше.

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп тврди дека мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум во телефонски разговор се согласила да ја „запре“ имиграцијата во САД. Претседателката „се согласи да ја запре миграцијата низ Мексико и во САД и со тоа да ја затвори нашата јужна граница“, соопшти Трамп на својата онлајн мрежа Truth Social.

Шајнбаум тоа веднаш го отфрли и на онлајн платофрмата Х објасни дека нејзината земја не планира да ги затвори своите граници. Ставот на Мексико не е „да ги затвори границите, туку да гради мостови меѓу владите и меѓу народите“, тврди Шајнбаум, додавајќи дека таа му ја објаснила на Трамп стратегијата на нејзината земја: Мексико се грижи за мигрантите „пред да стигнат до границата“.

Шајнбаум првично изјави дека со Трамп разговарала за „стратегијата“ на Мексико во однос на миграцијата. Притоа, таа не даде никакви информации за затворање на границата. Според Шајнбаум, двајцата разговарале и за зголемување на соработката во делот на безбедноста и за напорите на Мексико „да се спречи употребата на фентанил“.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk