Претседателот на САД создаде малку така непријатна ситуација за играчите на „Старата дама“.
Седејќи на своето биро, со грб свртен кон „Бјанконерите“, Трамп го искористи медиумското внимание за да освои неколку политички поени во својата борба со промоторите на идејата дека трансродовите лица можат да се натпреваруваат на професионално ниво во конкуренција на која не припаѓаат по раѓање.
Поточно, во САД се во тек неколку тужби откако некои трансродови натпреварувачи се појавија на женски натпревари – родени мажи кои потоа решиле да се подложат на хормонска терапија и транзиција кон спротивниот пол.
„Момци, дали женско може да заигра во вашиот тим?“, Трамп ги изненади играчите на Јувентус.
Тие воглавно кисело се насмевнуваа, но ниту еден играч не се осмели да одговори.
Непријатната тишина ја прекина новоназначениот генерален директор на клубот, Французинот Дамјан Комоли, со обид да понуди дипломатски одговор…
„Имаме многу добар женски тим, тие се шампиони на Италија“, рече Комоли.
„Но, тие треба да се натпреваруваат против жени, нели?“, продолжи Трамп, желен да ја заврши својата приказна, но овој пат Комоли не понуди одговор.
„Доста дипломатски од ваша страна“, коментираше претседателот и ја смени темата.
Потоа трамп пред игреачите на Јуве зборуваше и за нападот на Израел над Иран.
Трамп на подарок доби дрес со бројот 47 потпишан од сите фудбалери на Јуве.