-9 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Трајанов: Униформирано лице никогаш не било назначено за министер во МВР

Најчитани вести

Членот 97 од Уставот е јасен, не може лице кое е припадник на полицијата или Армијата да раководи со МВР, односно треба најмалку три години да биде цивил, вели во изјава за Стандард лидерот на Демократскиот сојуз и поранешен министер за внатрешни работи, Павле Трајанов.

Според него, кадарот кој го предложи лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да биде технички министер за внатрешни работи, а преседаните на кои се повикуваат како партија и експертите блиски до опозицијата не се од овој вид, односно ниту едно униформирано лице не било на чело на МВР.

„Тој командува во униформа и е активен, значи постојат уставни пречки и не можат партиите да постапуваат спротивно на Уставот. Се повикуваат на некои преседани, но сепак никој од униформираната полицијата не станал министер во МВР. До сега немало таков преседан, тие преседани се усогласувани, има мислење од професори по сутавно право, дека ако не е униформирано лице може да биде министер, бидејќи сепак се работи за друга структура. Инаку подолго време ВМРО-ДПМНЕ регруитра кадри од АРМ и ги регрутира во МВР. Тоа е милитаризација на МВР и може да имаме проблеми во идната интеграција и на Армијата и на полицијата. Од тој аспект, не треба да раководат лица од АРМ, зошто е јасно дека правеле злоупотреби“, нагласува Трајанов.

Тој ги спомена и регрутираните кадри од Армијата во структурите на МВР и Агенцијата за разузнавање, кои како што рече, биле вклучени во злоупотребите.

„Агенцијата за разузнавање беше вклучена во тешките политички настани. И во Диво насеље и во немилите настани на 27 април имаме прекомандувани кадри од АРМ во Агенцијата за разузнавање. Кадарот кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ можеби е добар за генералштаб, можеби е исклучително добар кадар, но треба да се има предвид зошто Уставот го предвидува тоа“, рече Трајанов.

Според поранешниот министер за внатрешни работи, опозицијата не водела смекта за Уставните ограничувања кога се бирал тој кадар, а сега, вели тој, треба да предложат некој друг кадар.

„Верувам дека имаат доста квалитетни приврзаници и сепак треба да отстапат и да предложат кадар кој ги исполнува уставните критериуми“, потенцира лидерот на Демократскиот сојуз.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести