“Во голема тага објавуваме дека нашата сакана Чесли почина. Таа ги инспирираше другите ширум светот со својата убавина и сила. Се грижеше, сакаше, се смееше и блескаше”, се вели во соопштението на нејзиното семејство.
Пред нејзината смрт, Чесли објавила фотографија на Инстаграм со порака: „Овој ден нека ви донесе одмор и мир“. Од поранешната мисица на социјалните мрежи се збогуваат бројни пријатели.
Полицијата во нејзиниот стан пронашла порака во која напишала дека и` остава се на мајка си.
Крист била адвокат за граѓански парници со седиште во Северна Каролина. Таа се обидела да помогне во реформирањето на американскиот судски систем, а особено се залагала за затворениците за кои сметала дека се неправедно осудени. Работела и како дописник за информативниот сајт ExtraTV.