Home » Трагичен крај на потрагата: Исчезнатата Македонка пронајдена мртва

Трагичен крај на потрагата: Исчезнатата Македонка пронајдена мртва

by Журнал.мк

Без знаци на живот, вчера било пронајдено телото на шеесет и четиригодишната Станика Китановска од селото Цветишница која беше пријавена за исчезната.

-На 02.02.2025 околу 10:30 часот во село Цветишница, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од СВР Куманово ја пронашле почината С.К.(64) за која на 27.12.2024 година беше пријавено дека се оддалечила од нејзиниот дом, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Специјален тим полициски службеници, според информации од семејството, го пронашло вчера нејзиното тело во долот во селото, без траги на живот. Телото не било во фаза на распаѓање, но имало траги од напади на животни.

Како што додаваат од полицијата, по насока на јавен обвинител сепак телото е предадено на семејството.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk