Home » Трагедијата ја засени среќата за свадбата на ќерката – Наум скршен по смртта на Андреј

Трагедијата ја засени среќата за свадбата на ќерката – Наум скршен по смртта на Андреј

by Журнал.мк

Македонскиот пејач Наум Петрески е скршен по загубата на својот колега и пријател, Андреј од ДНК, кој за жал е една од 59-те жртви на пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.

Наум секојдневно објавува фотографии со Андреј на социјалните мрежи, и емотивни статуси за загубата на пријателот.

– Поцрно не сум се чувствувал никогаш, напиша пејачот во една објава.

– Ние сме само миг или дел од секундата, напиша во друга објава.

– И пак така, црнилиште, и Господ не е со нас…напиша Наум на Фејсбук.

Неодамна, Петрески ја венча својата ќерка Сања, а среќата беше засенета од ненадејната загуба на неговиот голем пријател.

Инаку, Андреј Ѓорѓиески, пејачот од дуото ДНК беше погребан на градските гробишта Бутел, на 20 март, во 10 часот.

За жал во пожарот загинаа 59 лица, а околу 200 се повредени и се лекуваат во Македонија, регионот и странство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk