Home » Трагедија во САД: Балерина изела колаче на кое не пишувало дека содржи кикирики и умрела

Трагедија во САД: Балерина изела колаче на кое не пишувало дека содржи кикирики и умрела

by Журнал

Балерина од Ланкашир, Англија, почина во САД откако изела колаче на чие пакување не пишувало дека содржи кикиритки, пишува Sky News.

25-годишната Орла Баксендејл починала од тежок анафилактичен шок по алергиска реакција на бисквит од ванила од американскиот супермаркет Stew Leonard’s.

Баксендејл се преселила во Њујорк во 2018 година за да продолжи со кариерата како танчерка, а колачето го изела на собир во Конектикат. Во колачето имало кикирики на кои несреќната девојка била алергична, а на декларацијата не пишувало дека има јаткасти плодови.

Околу 500 пакувања колачиња кои беа продадени меѓу 6 ноември и 31 декември сега се отповикани по наредба на Управата за храна и лекови на САД.

Stew Leonard Jr., претседателот и извршен директор на трговецот на мало, изјави дека нивниот добавувач, Cookies United, го променил составот на колачињата, т.е. дека ги замениле јаткастите плодови од соја со кикиритки без да го известат супермаркетот.

Cookies United објави во соопштението дека го известила Stew Leonard’s минатиот јули дека производот содржи кикиритки и дека сите производи што се испорачуваат се соодветно означени. Тие тврдат дека неточната етикета е создадена од Stew Leonard’s.

„Неразбирливо е дека алергиите можат да однесат животи во 2024 година, сакаме да ги поканиме сите да се едуцираат себеси и својата околина за анафилакса, како да користат лекови и знаци за рани предупредувања за сериозни алергиски реакции. Бевме преплавени со стотици пораки од целиот свет, од сите луѓе кои ја сакаа Орла. Таа им значеше толку многу на многу луѓе, со нејзиниот волшебен талент и неверојатно сочувство за другите“, вели семејството.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More