Home » Трагедија се случила за време на „Суперкласико“: 12-годишно момче починало сакајќи да го прослави поништениот гол

Трагедија се случила за време на „Суперкласико“: 12-годишно момче починало сакајќи да го прослави поништениот гол

by Lina Muslija

Во Аргентина викендов се играше големото „Суперкласико“ кое на крајот заврши со победа на Ривер (0:1) кој играше како гостин. Но, денеска аргентинските медиуми пишуваат и дека за време на натпреварот се случила трагедија.

Според информациите, 12-годишно момче го загубило својот живот во моментите кога Бока го постигнала голот во завршницата кој беше поништен.

Момчето сакајќи да го прослави голот на својот тим се качило на покривот на својата куќа, а таму за жал го удрил струја по што починало пред да пристигне брзата помош.

Овој гол на Бока беше поништен по реакција на ВАР неколку минути по постигнувањето.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk