Home » Трагедија на езеро – скокнале да ги спасат децата на кои им се превртел чамецот, но двајцата мажи се удавиле

Трагедија на езеро – скокнале да ги спасат децата на кои им се превртел чамецот, но двајцата мажи се удавиле

by Журнал.мк

Таткото на малолетното дете М.Ц.(33) и човекот кој му пришол напомош С.С.(34) денеска се удавиле во езерото Сот кај српскиот град Шид, откако се превртел гумениот чамец.

Како што потврди потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ, во гумен чамец се возеле М.Ц, неговата 9-годишна ќерка, како и две други деветгодишни деца кога чамецот се превртел.

С.С.(34) од Нова Пазова, Д.Р.(34) од Земун и Р.Л.(38) потоа скокнале во езерото за да им помогнат на мажот и на децата од чамецот.

За жал, две лица се удавиле – лицето кое управувало со чамецот М.Ц, како и С.С. кој дошол напомош.

Едното дете, ќерката на удавениот испливала сама на брегот, а другите две деца биле спасени.

Полицијата трага по телата на удавените лица.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More