Home » Трагедија на експресниот пат Кочани-Штип: Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа

Трагедија на експресниот пат Кочани-Штип: Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа

by Журнал.мк

Трагедија на македонските патишта. Две лица го загубија животот во сообраќајна несреќа. Сообраќајката се случи денес околу 14 часот на експресниот пат Кочани – Штип, во близина на подвозникот кон селото Тркање.

Според информациите од СВР – Штип, во несреќата учествувале две патнички возила со кочански регистарски таблички. Од силината на судирот, двајцата возачи починале на самото место.

Едно лице го загуби животот во несреќа на патот Битола – Прилеп, сообраќајот пренасочен

Првичните наоди укажуваат дека се работи за директен судир помеѓу автомобили од марките „Фолксваген“ и „Пежо“. Едно од возилата се запалило и целосно изгорело.

На терен интервенирале пожарникарите од Територијалната противпожарна единица – Кочани, а увид на местото на несреќата врши екипа од Полициската станица во Кочани, со цел да ги утврди точните причини за трагедијата.

Надлежните апелираат на зголемена внимателност при возење, особено на овој дел од патот, кој во минатото бил сцена на повеќе тешки несреќи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk