Home » Трајковски од корнер го матираше Мол Фехервар

Трајковски од корнер го матираше Мол Фехервар

by Журнал

Екипата на Хајдук се подготвува за вториот дел од сезоната, а како дел од подготовките одигра пријателска средба против Мол Фехервар која ја одбележи македонскиот репрезентативец Александар Трајковски.

Клубот од Сплит славеше со 5-2 во Истра и тоа во средба во која најубавиот потег го имаше нашиот Трајковски и тоа во 104 минута. Овој дуел се играше во формат 4 x 30 минути, па во четвртиот „период“ Алекс изведе магија и постигна гол директно од корнер за 4-2 во тој момент.

Со тоа Хајдук го потврди триумфот со тоа што во самиот финиш беше постигнат уште еден погодок за заокружување на овој настап.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More