Викторија Трајков денеска, во просториите на Министерството за правда, ќе оствари работна средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ. На средбата се очекува да се дискутира за можностите за продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти.
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска, во просториите на Министерството за правда, ќе оствари работна средба со министерот за правда на Црна Гора, Бојан Божовиќ. На средбата се очекува да се дискутира за можностите за продлабочување на билатералната соработка преку заеднички иницијативи за реализација на проекти.
На средбата предвидено е да се разговара и за евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан, како и размена на искуства во однос на европските регулативи.