Home » Трајков: Континуираната поддршка од Унгарија ни помага на патот кон ЕУ

Трајков: Континуираната поддршка од Унгарија ни помага на патот кон ЕУ

by Журнал.мк

Заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Викторија Трајков денеска, во рамките на работната посета на Унгарија каде учествуваше на унгарско – македонскиот меѓувладин самит во Будимпешта, се сретна со унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока.

Фокус на средбата беше ставен на интензивирање на взаемната соработка меѓу двете земји и размена на експертиза на полето на евроинтеграциите. На состанокот заменик-министерката за европски прашања и заменик главен преговарач со ЕУ, Трајков ја потенцираше контиуираната поддршка која нашата држава ја добива од Унгарија на патот кон ЕУ.

При тоа, заменик-министерката за европски прашања, Трајков се заблагодари на унгарскиот министер за европски прашања, Бока за помошта од Унгарија со којашто се отворат нови можности за развој на нашата држава.

Заеднички беше потенцирана подготвеноста за продлабочување на соработката меѓу двете земји во повеќе сектори, со што ќе се забрзаат реформските процеси на нашата држава, а со тоа и ќе се олесни пристапниот процес.

На состанокот беше заклучено дека Унгарија и понатаму ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во реализација на процесите за што поскоро приклучување кон ЕУ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk