Пратеникот Митко Трајчулески од СДСМ во 24 анализа рече дека, иако Собранието немало седници по трагедијата во Кочани, пратениците оделе на работа. Според него, иако одлуката на претседателот на Собранието за откажување на седниците била добронамерна сепак се срами што немало комеморативна седница.
„Лично, не е точно дека не бев на работа, одлуката помеѓу Претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи беше со добра намера. Потфрли Собранието што навреме не ја извести јавноста за причините за таа одлука. Тоа беше се со цел да не биде злоупотребена болката. Тоа беше целосно добронамерна одлука но го разбирам револтот на граѓаните. Ми е срам по однос на рекациите на граѓаните. Се срамам што немаше комеморативна седница“, рече Трајчулески.
За формирање на анкетна комисија Трајчулески рече дека тоа ќе се случи кога ќе бидат презентирани сите факти и кога ќе заврши истрагата.
„За да имате ефикасна анкетна комисија и надзорна расправа треба да имате заврешна истрага и покренато обвинение. Ќе бараме анкетна комисија во моментот кога ќе можеме да ги постигнеме сите резултати во исходот на таа комисија. Ние јавно ќе укажуваме за секој сомнеж за селективна правда, за сите пропусти за кои се замижува. Очекуваме дека кога ќе заврши истрагата, одговорноста ќе биде лоцирана. Не може да бараме одговорност само за поранешни функционери а не и за сегашни кои паботеле и непосредно пред несреќата. Тие факти ќе ги обелоденуваме постојано затоа што нема правда ако има селективна правда. Ќе биде побарана анкетна комисија на која ќе бидат презнетирани сите факти и ќе побараме одговорност“, изјави Трајчулески и додаде дека СДСМ не се плаши од анкетни комисии и за сите претходни несреќи.