Home » Трајановски: Потребна е итна санација на делницата на потегот од Драчево до Долно Лисиче

Трајановски: Потребна е итна санација на делницата на потегот од Драчево до Долно Лисиче

by Журнал.мк

Денес заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и градоначаникот на општина Аеродром Дејан Митески извршивме увид во градежните активности на санација на дел од регионалниот пат Р1106, делница Драчево-Долно Лисиче, објави Коце Трајановски, директор на Јавно претпријатие за државни патишта.

Продолжуваме со активности во насока на подобрување на патната инфраструктура во и околу населените места, онаму каде што е потребна итна санација на коловозот. Една таква санација е потребна на регионалниот пат R1106, односно на делницата на потегот од Драчево до Долно Лисиче, потенцираше дидекторот на ЈПДП Трајановски.

Тој додаде дека на оваа делница која е со променлива ширина од 5,5 до 6 метри потребна е изработка на тампонски слоеви, подигнување на шахти, асфалтирање и други придружни градежни активности кои веќе се отпочнати.

Дополнително ЈПДП ќе започне со постапка за проектирање на овој регионален патен правец Драчево – Долно Лисиче – Јурумлери се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот на сите учесници, објави Трајановски на својот фејсбук профил.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk