Home » Трајановски: Нема да има застој во асфалтирањето на патиштата, компаниите набавија адитиви

Трајановски: Нема да има застој во асфалтирањето на патиштата, компаниите набавија адитиви

by Журнал.мк

Градежните компании кои работат на овој пат, но и на делницата Страцин кон Длабочица набавили адитиви за асфалтирање на ниски температури, изјави Коце Трајановски.

Нема да има застој во асфалтирањето на автопатот Кичево Охрид и во зимски услови. Градежните компании кои работат на овој пат, но и на делницата Страцин кон Длабочица набавили адитиви за асфалтирање на ниски температури. Првиот човек на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски вели дека градежната сезона за овие делници нема да застане од ноември до март.

Активно се работи на автопиштата кои ги работи „Бехтел и Енка“, се работи на новата делница од Кичево кон Гостивар, односно до Букојчани, а до селото Црвец направен е проектоти се прави евалуација на предквалификација, а истовремено се проектира и патот од Црвец до Букојчани, а ова проектирање треба да заврши во февруари 2025. Во тек се и преговори Македонија со Албанија да биде поврзана со тунел.

Се прави и студија за исплатливост на скапата делница Скопје-Блаце на која има повеќе тунели и вијадукти, а тендерската постапка би требало да се објави во арил или мај наредната година. Трајновски најави дека обиколници конечно ќе добијат Кавадрци, Ресен и Битола, а на македонските патишта да нема запирање ќе се воведат и повеќе тагови на патарините за наплата со трансакциските сметки на возачите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk