Home » Трајанов: Таравари треба да одлучи дали ќе се приклучи на ДУИ

Трајанов: Таравари треба да одлучи дали ќе се приклучи на ДУИ

by Журнал.мк

Националниот координатор за борба против насилен екстремизам и тероризам Павле Трајанов, во Аргумент плус рече дека немал средба со Таравари за несогласувањата во „ВРЕДИ“.

Според него, сите недоразбирања се околу крупни прашања поврзани со локалните избори и распределбата на позициите во власта. Тој зборуваше и за тоа дека најавите за протести од ДУИ се врз основа на етничка основа и се селективни.

„Споре моите информации и проценки во ‘ВРЕДИ’ во оваа коалциија имаат несогласувања околку крупни прашања и тој процес кулминираше, одлуката е на Таравари дали ќе се приклучи на Европскиот фрон на ДУИ и ќе биде со нив. ДУИ сега бараат патерица за да се потпрат и веројатно во таа улога успеала да го придобие Таравари, не знам што одлука ќе донесе, владеачката партија е клучна и без Таравари ќе има мнозинтсво. Немав средба со Таравари, кажав дека имале несогласувања, не би навлегувал во деталите. Надворешно гледно е дека има несогласувања за поделбата на власта, која партија како ќе биде застапена и од проекциите која партија ќе биде доминантна и ќе има повеќе кандидати за локалните избори“, рече Трајанов.

Тој зборуваше и за тоа дека најавите за протести од ДУИ се врз основа на етничка основа и се селективни.

„Не знам Ахмети зошто протестира за Бектеши а не за Груби. Тој ќе протестира зошто е албанец, зошто не протестира за министерот без ресоср, не може да проетстирате селективно и врз основа на етничка основа. Тој филм еднаш помина, со насилства со војна. Воениот конфликт беше режиран меѓу две политички партии, се уфрли Ахмети и се трансформира во патија. Тоа време помина со закани, насилство и излегување на улица. Нема да добијат поддршка а и мислам дека граѓаните на Македонија не се подготвени да протестираат за Ахмети да ја растура Македонија., Тоа време помина. ДУИ како политичка партија направи и дуизација и криминализација и како одговор на тоа сега сме во состојба каде се анализара се“, додаде Трајанов.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk