Home » Трајанов: Потребни се коренити уставни реформи

Трајанов: Потребни се коренити уставни реформи

by Журнал.мк

Паралелното извршување на извршна функција со пратеничка функција е кршење на Уставот, е заклучокот на поранешните и сегашни пратеници во вечерашната Топ Тема на Телма.

ЈАСЕН Е УСТАВОТ, НЕМА ДИЛЕМА, НЕ ЗНАЕМЕ ДЕКА ДАЛИ Е ТОА ПОЛИТИЧКИ ДОГОВОР, МЕЃУТОА ОЧИГЛЕДНО ТАА ПРАКСА СЕ ПРОВЛЕКУВАЛА ГОДИНИ НАНАЗАД ОД СИТЕ ВЛАДИ, И СЕГА ОСТАНУВА НА ТОЈ НАЧИН ДА СЕ ТОЛКУВА И ПРИМЕНУВА. МИСЛАМ ДЕКА НЕМА ПОТРЕБА ДА СЕ ПРАВИ ТОЛКАВА ФАМА ОД ОВА, ОВЛАСТУВАЊАТА НА ОВАА ВЛАДА СЕ МНОГУ ОГРАНИЧЕНИ. МНОГУ БРЗО ЌЕ ИМАМЕ НОВА ВЛАДА, РЕЧЕ ПРАТЕНИЧКАТА СНЕЖАНА КАЛЕСКА ВАНЧЕВА.

Поранешниот пратеник Павле Трајанов, пак, смета дека државата е во своевидна уставна криза, и затоа се потребни коренити уставни реформи, овие прашања кои низ примената на Уставот се појавија како слабост на функционирање на системот. Како дел од новото мнозинство кое се формира во Собранието, Трајанов појасни дека концептот по кој ВМРО-ДПМНЕ се води во преговорите е албанските политички партии да бидат правично застапени на сите нивоа на власта.

ПОВЕЌЕ ОД ЈАСНО Е ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ МОЖЕШЕ ДА ОБЕЗБЕДИ 61 ПРАТЕНИК И ДА ГО КОНСТИТУИРА ПАРЛАМЕНТОТ И ДА ПРЕДЛОЖИ СВОЈ КАНДИДАТ, НЕЗАВИСНО ОД НЕГОВАТА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ. НАПРАВЕН Е КОМПРОМИС СЕПАК КОАЛИЦИЈАТА ВРЕДИ ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ ТАА ФУНКЦИЈА, И МИСЛАМ ДЕКА ОВИЕ ПОДЕЛБИ ПО ЕТНИЧКА, ПАРТИСКА, ВЕРСКА ОСНОВА НАНЕСУВААТ ОГРОМНИ ШТЕТИ. ТОЈ ТРИУМФАЛИЗАМ ШТО БЕШЕ МАНИФЕСТИРАН ОД ДУИ СО ИЗБОРОТ НА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР, СО ТОА ШТО НЕКАДЕ НАД 60 ПОСТО, СО 12/13 ПРАТЕНИЦИ ГИ ДОБИЈА СИТЕ КЛУЧНИ ПОЗИЦИИ, 8 МИНИСТЕРСТВА. НЕ Е ВРЗАНО ЗА АЛБАНЦИ МИНИСТРИ, ТУКУ ЗА ПРОЦЕС НА ДУИ-ЗАЦИЈА, РЕЧЕ ТРАЈАНОВ.

Според него грешката на СДСМ беше што псотојано правеше отстапки пред ДУИ, што предизвика револт кај граѓаните.

ЗА МЕНЕ ЌЕ БЕШЕ ПРИФАТЛИВО КОГА ДУИ БЕШЕ ВО ВЛАСТА, СО ПЕТ МИНИСТЕРСТВА МОЖЕШЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ И ДРУГИ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ, НО ТОЈ КОЛАЧ ОД 25 ПОСТО ДА ГО ДЕЛАТ МЕЃУ СЕБЕ, А НЕ СДСМ ПОСТОЈАНО ДА ПРАВИ ОТСТАПКИ. НИЕ ШТО ДОБИВМЕ? РУИНИРАНИ ИНСТИТУЦИИ, СИСТЕМОТ НЕ ФУНКЦИОНИРАШЕ, ИМАШЕ НЕЗАДОВОЛСТВО, РЕВОЛТ. ЕВЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА АКТУЕЛНАТА СИТУАЦИЈА ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО, ВО КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, НЕ ФУНКЦИОНИРА, БЛОКИРАН, ЗОШТО? ЗАТОА ШТО НЕКОЈ НЕ РАБОТЕЛ ТЕМЕЛНО, ЗЕМАЛЕ ПАРИ ГИ ТРОШЕЛЕ ЗА ДРУГО, ПРИКАЖУВАЛЕ ДЕКА ГО МЕНУВАЛЕ СИСТЕМОТ ЗА КИСЛОРОД, РЕЧЕ ТРАЈАНОВ.

Токму поради тоа, додаде Трајанов, ВМРО-ДПМНЕ и извесниот Мицкоски треба да водат сметка за профилот на кадрите што ќе ги преземат тие важни институции.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More