11 C
Skopje
Wednesday, March 3, 2021

Toyota Corolla е најпродаваниот автомобил во светот за 2020 година

Најчитани вести

Toyota Corolla е убедливо најпопуларното возило во претходната година со испорачани 1.134.632 единици

Моделот на Toyota и покрај благиот пад на продажбата од 8,8%, сепак ја задржа првата позиција. На второ место е уште еден модел на Toyota – RAV4 со испорачани 971.156 примероци и раст на продажбата од 1,9%. Подиумот го заокружува Honda CR-V со продадени 705.651 автомобили (-13,2%).

Во продолжение на листата на Топ 10 најпродавани на четвртото место е Honda Civic која стигнала од 697.945 нови сопственици (-16,3%), а потоа следува Volkswagen Tiguan со 607.121 регистрации (-18,8%). 

На шестото место повторно е еден модел на Toyota, овој пат Camry, кој е испорачан во 592.648 единици, што е за 13,2% помалку од 2019 година.

Во 2020 година, дури 544.376 потрошувачи се одлучиле за Nissan Sylphi со значителен раст на продажбата од 14,4%, доволно за седмото место на оваа престижна топ-листа. Осмата позиција му припаѓа на најпопуларниот автомобил во Европа – Volkswagen Golf кој достигна 492.262 продажби во претходната година со сериозен минус од 28,6%.

На деветтото место е моделот Lavida на Volkswagen со испорачани 463.804 примероци (-13%), а Топ 10 го заокружува еден јужнокорејски модел, Hyundai Tucson кој во 2020 година стигна до 462.110 нови сопственици (-14,6%).

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести