-0.2 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Toyota ја претстави Yaris Cross Adventure (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Најчитани вести

Компанијата Toyota ги објави првите официјални фотографии и детали за својата целосно нова понуда на пазарот, Yaris Cross Adventure, чија продажба ќе почне во Европа во септември во текот на оваа година.

Toyota Yaris Cross Adventure ќе биде достапна за европските потрошувачи во својата пилот серија Premiere Edition, која ќе биде достапна за купување во првата година од пазарното присуство на новиот модел. Во опремата на специјалната верзија ќе бидат вклучени кожен тапацир на седиштата, специфични 18-инчни тркала, врата на багажникот со дистанциско и гестикулациско управување со нога, проекциски head-up екран, двобоен надворешен дизајн и други.

Од Toyota ја опишуваат Yaris Cross како целосно градски автомобил и целосно СУВ, кој нуди повисока позиција за седење, но во компактни размери. Автомобилот ќе биде достапен и во верија со хибриден погон.

Yaris Cross ќе се нуди исто така и со интелигентен систем за погон на четири тркала (AWD-i), за која од Toyota потенцираат дека е уникатно решение за сегментот.

Во опремата на Yaris Cross ќе можат да бидат откриени редица на решенија за зголемување на удобноста и безбедноста, вклучувајќи и безжично полнење за мобилен телефон, полуавтоматско паркирање, систем за видео набљудување околу целото возило, автоматско активирање на системот за спирање во случај на опасност и други.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com