Победата во категоријата на одржлив концепт на мобилност, во изборот што го организираат ценетиот Auto Bild и неговото сестринско издание Computer Bild, годинава ѝ припадна на Toyota, за моторот што место бензин согорува чист водород.
Водородните електрични автомобили, каков што е Toyota Mirai, преку хемиска реакција на водородот произведуваат струја, што го напојува погонскиот електромотор. Јапонскиот технолошки пионер има развиено и втор начин на користење на водородот во своите автомобили.
Во бројни прототипи досега, Toyota ја тестира технологијата, во којашто во мотор со внатрешно согорување се впрскува водород, што согорува и на тој начин ја произведува енергијата што е потребна за возилото да се движи. Токму овој мотор ја освои наградата во категоријата на одржлива мобилност, во изборот на германскиот магазин Auto Bild и на сестринското издание Computer Bild.
Моторот звучи слично како бензинец, но клучната разлика е во тоа што атмосферскиот воздух не се оптоварува со штетна емисија. Toyota дополнително наведува дека водородниот мотор реагира подиректно во споредба со класичен бензинец или дизел. Тоа меѓу другото се должи на побрзото согорување на водородот во моторот.
Јапонскиот примус во автомобилската бранша досега го тестираше водородниот мотор во најразлични тркачки серии. Лани Toyota GR Yaris H2 се појави на светското првенство во рели, додека на домашен терен веќе масовно се возат тркачки автомобили со погон на водород, во рамките на јапонската серија Супер Таикју.
Колку троши електричен автомобил при градско возење?
Во изборот на Auto Bild и Computer Bild се одликуваат решенијата за мобилност коишто не ѝ наштетуваат и ја сочувуваат животната средина. Наградата се базира врз гласовите на читателите, коишто решаваа во вкупно шест категории. На Toyota ѝ припадна победата во категоријата на одржлива мобилност.