Toyota официјално го претстави целосно новиот Land Cruiser, кој е фокусиран на неговите традиционални предности, квалитетот, издржливоста и справувањето со најтешките услови на патот.
Новиот модел ги комбинира гените на Land Cruiser со новите технологии кои овозможуваат исклучителни перформанси на патот (и надвор од него) и продолжува да биде синоним за сила и издржливст повеќе од 70 години како превозно средство на кое може целосно да му се верува дека патниците со сигурност ќе ги однесе до дестинацијата и ќе ги врати назад дури и во најтешките услови.
Неговата репутација го направи еден од најпродаваните модели на Toyota со 11,3 милиони продадени примероци до денес и тоа во повеќе од 170 земји.
Новиот Land Cruiser има должина од 4.920mm, широк е 1.980mm и висина 1.870mm, а меѓуосовинското растојание изнесува 2.850mm. Шасијата е за 50% поцврста, а каросеријата за 30% и носат значителни подобѝрувања во управливоста на возилото и удобноста на возењето.
Ентериерот нуди избор на конфигурација со пет или седум седишта, а го одликува дизајн кој доловува моќ и функционалност на класичен теренец.
Во понудата на мотори ќе се најдат три опции – еден дизел и два бензински мотори. За купувачите најинтересен ќе биде 2.8 литарскиот турбо дизел проектиран за силна рамнотежа помеѓу ефикансноста во потрошувачката на гориво и перформансите. Произведува максимални 204 КС/150 kW и има осумстепен автоматски менувач Direct Shift кој му дава моќност за влеча на товар до 3.500 килограми.
Купувачите во Европа ќе може да го очекуваат во претпродажба од октомври годинава, а првите испораки се очекуваат во првата половина на 2024 година.