Секој кој се огрешил пред законот ќе одговора, без разлика дали е функионер или полицаец, вели првиот човек на МВР, Панче Тошковски.
По спроведената акција вчера во која беа приведени ексдиректорот на затворот Шутка, Филип Андонов познат под прекарот Сокол и неговата десна рака, заповедник во затворот Сашо Крстевски – Ѕверот, министерот за внатрешни објаснува дека Шутка функционирала повеќе како угостителско-туристичко правно лице, отколку како затвор. По извршените претреси и собраните докази утврдено е дека одредени затвореници уживале големи привилегии.
Им се овозможувало приватни посети, но и да излегуваат надвор од затворот од 8 до 10 часа, а сето тоа било со амин на менаџерските структури во рамки на затворот, рече Тошковски и порача дека за секое едно дејствие од ваков вид, треба да има соодветна постапка. Освен Затвор-Скопје, Хотел Промаја бил уште еден затвор во државата, за кој веќе е поднесена кривична пријава.