Home » Тошковски: Полицијата работи ефикасно, експресно спречен грабеж во Центар, уапсени 17 лица за настаните со знамето

Тошковски: Полицијата работи ефикасно, експресно спречен грабеж во Центар, уапсени 17 лица за настаните со знамето

by Журнал.мк

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети седиштето на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје со цел лично да изрази благодарност и пофалба до полициските службеници кои во текот на вчерашниот ден за рекордно кратко време ги фатија лицата кои со закана со оружје извршија грабеж на трговски објект во центарот на градот.
„Оперативната акција „Чистач“ којашто ја спроведуваме неколку месеци во рамки на територија на СВР Скопје дава одлични резултати, посебно во делот за непосредно справување со кривични дела од типот на разбојништво. Во овој случај на лице место се лишени од слобода лица коишто во текот на вчерашниот ден со огнено оружје и фиктивна експлозивна направа сториле кривично дело разбојништво, при што одзеле парична сума околу десет илјади евра. Од страна на СВР Скопје и Единицата за интервентна полиција е веднаш реагирано при што сторителите се експресно уапсени и делото е расветлено и расчистено.“, потенцираше министерот Тошковски.
Министерот Тошковски нагласи дека ваквите мерки и работа на полицијата даваат резултати бидејќи во последните неколку месеци само на територија на ВР Скопје во десетина случаи и на цела на територија на државата околу дваесеттина случаи каде на лице место или непосредно по делото се фатени сторителите на делата како разбојништво и објави дека во споредба со минатата година само на територија на Скопје разбојништвата се намалени за 40%.
Тошковски најави дека конкретните полициски службеници кои учествувале во акцијата ќе бидат и соодветно финансиски наградени како мотивација за својата посветеност и професионалност и најави дека таквата практика ќе продолжи кон сите полициски службеници коишто со својот професионализам и пожртвуваност ги прават граѓаните посигурни и побезбедни.
Во насока на завчерашните настани со скрнавењето на македонското знаме министерот Тошковски информираше дека до овој момент лишени од слобода се 17 лица се уапсени од вчера до денеска по серијата инциденти што пред два дена се случија за време на прославата на Денот на албанското знаме.
„Четворица малолетници во Скопје вчера се лишени од слобода. Двајца поврзани со кривично правен настан каде што се кине македонското знаме, а истите помагаат на сторителот. За нив ќе следува соодветна постапка. И двајца малолетни лица, поврзани со настан во кој што се симнува знамето од јарбол и се пали. Вчера се уапсени три лица во Прилеп, што го сквернавеле албанското национално знаме, од кои еден е малолетник. Уапсени е и лице во Куманово што корнело национален симбол на Република Србија од почесниот конзултат. И тука станува збор за малолетник против кого ќе бидат преземени дејствија. Во текот на вчерашниот ден затворен е и настан во рамки на СВР Охрид, односно ОВР Кичево, кадее што едно лоце симнува македонско и албанско знаме од јарбол“.“, ги образложи случаите министерот Тошковски.
Министерот на крај упати апел до македонските граѓани дека не смееме да дозволиме вакви инциденти да не однесат во погрешна насока.
„Упатувам апел до сите општествени чинители во државата, до секој што и мисли добро на Македонија, да го почитуваме законот, Уставот и да не дозволиме недобронамерници да ги злоупотребуваат овие млади луѓе. Од вчера до денеска уапсивме 17 лица и ќе продолжиме ако има докази за тоа. Секој што ќе се огреши, ќе одговара.“, потенцираше министерот Тошковски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk