Home » Тошковски: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце, наскоро и на премините со Србија и Албанија

Тошковски: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце, наскоро и на премините со Србија и Албанија

by Журнал.мк

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла денеска го посетија граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со Косово на кој од денес целосно е имплементиран „One Stop“ системот на заеднички контроли кој придонесува за побрз транспорт на луѓе и поголема трговија и туризам помеѓу двете држави…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла денеска го посетија граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со Косово на кој од денес целосно е имплементиран „One Stop“ системот на заеднички контроли кој придонесува за побрз транспорт на луѓе и поголема трговија и туризам помеѓу двете држави.

„Со пуштањето во функција и на овој граничен премин помеѓу Македонија и Косово ја заокружуваме границата кон Косово, овозможуваме побрз трансфер на граѓани помеѓу нашите две држави. Пуштањето во функција на граничниот премин Блаце се покажа како многу функционално на овој начин, така што се надевам дека на овој начин и овде на граничниот премин на којшто се наоѓаме моментално исто така ќе имаме подобра функционалност, побрз трансфер на нашите граѓани, се со цел за да имаме што е можно подобра комуникација како две држави. Секоја од полициските служби ја штити својата граница, со тоа што ги разменуваме многу брзо и реално за многу брз временски период можеме да овозможиме нашите граѓани да преминат во Косово, а косовските граѓани да преминат во Македонија.“, потенцираше министерот Тошковски.

„One Stop“ системот неодамна беше имплементиран со Косово на граничниот премин Блаце-Елез Хан, набрзо ќе биде пуштен и со Република Србија, ќе следува имплементација и со Република Албанија, така што Македонија ќе го има имплементирано овој систем со сите земји-соседи кои не се дел од Европската Унија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk