Home » Тошковски на средба со австрискиот амбасадор

Тошковски на средба со австрискиот амбасадор

by Журнал.мк

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, вчера оствари работна средба со амбасадорот на Република Австрија, Н.Е. Мартин Памер. На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу нашите две пријателски земји вклучително и соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи и заедничката посветеност кон остварување на регионалната и глобалната безбедност.

Како надоврзување на вчерашниот состанок во ЦУК една од главните теми на разговор беше реформирањето на системот за управување со кризи, а амбасадорот Памер го образложи тековниот проект за соработка на противпожарните служби меѓу областа Тирол, Австрија и неколку македонски општини, од кои главни носители на проектот се општина Крива Паланка и општина Куманово. Проектот има за цел реформирање на целокупниот систем за управување со кризи преку разграничување на надлежностите на ЦУК и ДЗС, како и подобрување на одговорот на противпожарните служби на ниво на цела држава особено при справување со шумски пожари, известува Министерството за внатрешни работи.

„Ги разгледавме заедничките чекори во борбата со криумчарењето на луѓе и илегалната миграција, против тероризмот и сајбер криминалот како едни од приоритетните области. Од останатите развојни проекти, беше споменат и проектот за развој на планинскиот туризам во Македонија, чиј поддржувач и промотор е амбасадата на Република Австрија. Разговарано беше за активностите преземени во рамки на овој проект, чија цел е развој на австриско-македонското пријателство, а и промоција на македонските планини и туризам. Промената мора да започне од нас и дека сè се може кога постои волја“, потенцираше министерот Тошковски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk