Home » Тошковски: Македонски пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, а не може да се употреби во Македонија

Тошковски: Македонски пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, а не може да се употреби во Македонија

by Журнал

„Очигледно е дека МВР презема максимум во рамки на можностите и би сакал да го повторам решението на маките на граѓаните, 61 пратеник да си ја заработат платата и да стиснат на тоа пусто копче, да го сменат законот за патните исправи, како што го сменија законот за безбедност во сообраќајот“ рече денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Срамота е Македонија да ги зароби граѓаните, а при тоа во Германија, Швајцарија, Албанија, Косово и така натака слободно да се движат со патни исправи со старо име. Ги лажеле луѓето цело време, ги лажеле сите. Факт е македонскиот пасош со старото име се употребува во Германија, Швајцарија, Албанија, само не може да се употреби во Македонија. Пратениците да постапат по оној предлог закон, како што го поминаа законот за возачките да го поминат и законот за пасошите“, порача тој.

Тошковски објасни дека се пристигнати 20 илјади обрасци и ги замоли новинарите да постават соодветно прашање до сите надлежни во рамки на Министерството и посебните органи во рамки на Министерството, зошто е ваква ситуацијата со обрасците.

„Некаде во осми месеци имало договор согласно кој договор заклучно со 18.02 во Македонија требало да пристигнат 400 илјади обрасци. Тој договор со одреден акт е заменет и при тоа заклучно со 18.02 согласно тој договор е преземена обврска некаде од прилика во декември за 22 илјади обрасци“, објасни министерот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More