Home » Тошковски: Има докази за корупција и криминал на довчерашни високи функционери

Тошковски: Има докази за корупција и криминал на довчерашни високи функционери

by Журнал.мк

Секој што правел криминал ќе заврши пред лицето на правдата. Има многу докази за криминал кај довчерашни високо позиционирани политичари, на коишто се работи, а јавноста ќе дознае за сите нив кога ќе дојдат во фаза на процесуирање – изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во синоќешното гостување во емисијата „Трилинг“ на прашање дали е почната борбата со високиот криминал и корупција, што ја еродираат државата, потенцираше дека борбата е веќе силно почната со доаѓање на новото раководство на МВР уште во техничката влада.

-Имаме врховен судија којшто повеќе не е врховен судија и осуден е на три години казна затвор, членот на Советот на јавни обвинители којшто не е повеќе дел од Советот, а притоа призна вина за делото што го сторил. Мислам дека е јасен знак дека битката со криминалот и корупцијата е почната – рече Тошковски.

Тој истакна дека борбата со овој тип на криминал преку ноќ не може да даде резултат, но оти е јасна посветеноста на новата влада во таа насока.

-Многу е мал бројот на човечки ресурси на соодветно професионално нови коишто се во рамки на институциите, коишто треба да се борат со тој криминал, немало соодветни обуки, лош менаџмент на техничките средства. Но, јасна е посветеноста на оваа раководство и оваа влада за борбата со корупцијата со високиот криминал, сакаме да се бориме и ќе се бориме – потенцираше Тошковски.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk